| четврток, 6 декември 2018 |

Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота

Белгиските „жолти елеци” подготвија листа на барања, кои имаат намера да ги презентираат на протестот в саботата во Брисел, објавија локалните медиуми.

Меѓу барањата е итно зголемување на платите, особено на минималните плати, воведување можност за отповикување на избраните претставници, намалување на ДДВ за електрична енергија, зголемување на можностите за користење јавен превоз, формирање позициии за граѓанско практицирање на власта, подобрување на административните услуги, запирање на ограничувањата за буџетски трошоци, средствата запленети при борба со финансиски измами да се користат за јавен интерес, пренесува БТА.

Засега не е побарано одобрение од полицијата за одржување на протестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top