| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопско лето“: Промоција на книгата „Про Музика“ од Костадин Костадиновски

Промоцијата на книгата „Про Музика“ од Костадин Костадиновски ќе се одржи утре (06.07) во Фоаје на Македонска опера и балет со почеток во 11:00 часот. Издавач на книгата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Учествуваат: Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Васил Атанасов – обоа, Катерина Стојановска Десковска

„Про Музика“ би била 5-та книга печатени публикации од познатиот музиколог Костадин Костадиновски во која на 336 страници сe инкорпорирани 150 силно вдахновени музички рецензии, есеи, портрети, интервјуа, а меѓу нив празнините ќе бидат исполнети со музички занимливости и анегдоти што едуцираат и релаксират и ја прават публикацијата многу интересна. Тие рецензии за најпознати македонски,европски и светски музички уметници претставуваат историја на тридеценискиот музички живот илустриран со 50 фотографии и изобилува со значајни настани од сите музички жанри со широк стилски дијапазон.

Пишувана е по исти терк , по иста концепција како и неговата публикација издадена пред 4 години од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје која наиде на широк интерес и квалитетно ја дополни и онака дефицитарната литература од подрачјето на музиката. Таква е и новата публикација „Про Музика“ која ги издржува и најстрогите критериуми и ја издигнува македонката музиколошка наука на завидно ниво. Тоа го афирмира авторот како униктна личност во нашиот музички живот, како уникатен творец.

КОСТАДИН КОСТАДИНОВСКИ – музиколог, публицист, критичар и композитор е роден на 28.04.1938 година во Валандово. Средно музичко училиште заврши во Скопје, дипломира на музиколошкиот отсек при ФМУ во Белград. Целиот работен век го помина како музички уредник и директор за музика во Македонската Радио Телевизија, каде што реализира многубројни емисии од сите музички жанрови, особено од џезот, околу 2.000 емисии наречени „Во светот на џезот“ и во југословенски рамки го сметаа за џез-експерт. Тука се и многубројните интервјуа и со најголемите имиња во историјата на џезот, меѓу кои се и Дјук Елингтон, Чик Корија, Бети Картер, Сесил Тејлор… Беше музички критичар со околу 5.000 критики…Го сметаат за доајен на македонската музиколошка наука, со најбогата и најквалитетна продукција – уникатна личност, кој еднакво ја познава музиката од сите музички жанрови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top