Во видео обраќање македонскиот режисер Дарко Митревски, кој живее и работи во Америка на 4 јули, Денот кога во САД се прославува Денот на независноста се осврна на состојбите во Македонија.
-Кога таму се слави независноста и идеалите за слобода, правда, еднаквост, национален суверенитет и личен човечки интегритет, овде поразите се слават како победи и се чини дека сè ни е лесно да смениме, само не да се смениме самите себе. За еден ден кога нас ќе нè нема, а кога нашите правнуци ќе посакаат да стават рака на срце, на тоа помислува Митревски во својата крајно лична и емотивна порака, стравувајќи дека тој наш пород нема да не спомнува како заклетва, вели меѓу другото Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.