| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето полувреме“ на маркетот во Берлин

трето полувреме

Македонскиот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски ќе учествува на маркетот во Берлин од каде што ќе бара простор за проекции на светските филмски фестивали, информираат од Филмскиот фонд на Македонија.

Берлинскиот филмски фестивал ќе се одржи од 7 до 17 февруари. Македонија нема да има филм во ниту една од програмите на годинашниот фестивал.

За наградите „Златна мечка“ и „Сребрена мечка“ ќе се натпреваруваат вкупно 19 од 24-те филма во главната програма и 31 филм од 23 земји во секцијата „Панорама“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top