| четврток, 6 декември 2018 |

„Балкан-кан“ синоќа беше прикажан во Токио

Филмот „Балканкан“ на режисерот Дарко Митревски синоќа беше прикажан на престижниот Универзитет „Токио“. Филмот беше прикажан во рамки на презентацијата на македонската кинематографија.

Денот посветен на македонската кинематографија е дел од двонеделниот симпозиум на тема „Филмови од земјите од поранешната Југославија“, кој го организира Асоцијацијата за проучување на југословенската кинематографија, составена од видни професори од повеќе универзитети во Јапонија. Проекцијата ја отвори вршителот на должноста амбасадор на Република Македонија во Јапонија Иван Каранфиловски. По проекцијата преку видео-конференциска врска од Скопје во отворена дискусија се вклучија продуцентот на филмот Робет Насков и Андријана Цветковиќ, која ќе биде првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија. Цветковиќ, која и самата е член на асоцијацијата, навести уште многу културни претставувања на нашата држава во Јапонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top