Нашиот капитен е на залужен одмор во Дубровник заедно со своето семејство. Во пресрет на неговото заминување во прекрасниот град на Хрватска, на интернет страницата lazarovkiril7.com објавено е интервју во кое меѓудругото вели дека седумката е бројот што го сака уште од самите почетоци на ракометната кариера.
-Седумката е мојот омилен број од самите мои почетоци со ракометната топка. Тогаш го одбрав овој број, бидејќи како дете гледав многу добри ракометари кои играа со левата рака, а го носат овој број. Тогаш помислив дека има некои правила каде леваците се задолжени да играат со седумката. Од тогаш до денес никако не се одвојувам од овој број. Во неколку наврати седумката беше зафатена. Зрниќ ја носеше во Загреб, Гијас во Веспрем, Фернандез во Сиудад Реал, Урдангарин во Барса. Така често се определував за броевите 17 и 77. Во еден период не го дозволуваа бројот 77, како и сите останати високи броеви, па со оглед на тоа што беше зафатена и седумката морав да го одберам бројот 17. Седумката во репрезентација е резервирана и секогаш ја носам на грбот. Едноставно овој број го засакав од мали нозе и не се делам од него, вели Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.