| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на поемата „Еригон“ од Александар Кукулев

По исклучително успешната промоција на “Патувањето на Петар Келемен”, пред две недели во Бeлград, вечниот романтик Александар Сашко Кукулев пред скопската читателска публика ќе го претстави својот нов проект поемата “Еригон” во издание на Културен Центар “Стерна” – Скопје .

Промоцијата на „Еригон“ е закажана за четврток (05.07.2018) со почеток во 20:30 часот во  просторот на Арт Кафе Тирио во Скопје.

-Поезијата на Александар Сашко Кукулев претставува своевиден колегиум сакриум, налик на светиот собор на римските кардинали (collegium sacrum), кој со својата лирска компактност и единственост, е во функција на хармонијата и книжевно-поетскиот јазик, врамен во силната стилска импресија на демијуршката чувствителност, која носи, не само иста таква порака, туку и посилна од воопштената поезија, настојчива и силна, за да ги детерминира поетските совршени метафизички регии во умственоста на поетскиот говор, доведен до перфекцијата на невозможното, ќе нотира драмскиот писател Зоран Пејковски во предговорот на „Еригон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top