| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Повелете господа тужете ме!

Шекеринска

Шекеринска

ДПМНЕ ми се заканува со тужба дека ја кажав вистината и ги потсетив дека Груевски прифатил промена на уставното име во “Република Македонија (Скопје)” и дека тоа стои во писмото кое Милошоски го прати до ООН. Повелете, господа од власта!
Едвај чекам да ве слушам како официјалните дописи од МНР не се доволен доказ- објави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.

По нејзиното интервју дадено за Радио Слободна Европа, денеска следуваа низа деманти и соопштенија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ. Главната дебата е дали Груевски потпишал за промена на името во Република Македонија (Скопје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top