Уште од насилното заземање на власта, Заев и неговата однародена криминогена банда се обидуваат секое спротивставување на насилните политики против обезличувањето и бришење на македонскиот народ, посебност и историја да ги прикаже како „странска руска интервенција”. Заев до сега освен празни флоскули, но и лаги, имајќи ги предвид раскажаните наводни сведочења на младинци, нема предочено никаков реален показател.

Напротив, ваквите дилеми кои што сега ги отворија медиумите, но со можност за сомневање таа врска да биде во насока на владиното делување. Заев има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања, во спротивно само ќе ги засили сомнежите, прашува Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.