Белгија се врати од два гола негатива, победи со 3-2 и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство, Јапонија имаше водство од 2-0, но го пропушти и фудбалерите можат само да тагуваат што не успеаја да се пласираат меѓу најдобрите осум.
Белгија успеа да победи, но тоа го направи многу потешко од очекувањата, Белгијците се вратија од два гола негатива, победија со 3-2 со гол во 94 минута на Чадли.
Белгијците напаѓаа речиси во текот на целиот натпревар, а Јапонија беше опасна од контра напади.
Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме, а се почна со гол на Харагучи во 48. минута, само четири минути подоцна Инуи постигна прекрасен погодок од далечина за водство од 2-0.
Но Белгија успеа да се врати, во 69. минута Вертонген постигна случаен гол со глава и намали на 1-2, пет минути подоцна Фелаини исто така со глава реализираше за израмнување на 2-2.
2-2 беше долго време, Јапонија во судиското продолжение нападна, и тоа се покажа дека не беше најпаметно, по една одлична контра Чадли реализираше во 94. минута за победа на Белгија од 3-2.
Белгија е поквалитетна имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси и на крајот заслужено се радуваше на победата, но Јапонија може да жали бидејќи не многу репрезентации пропуштаат предност од 2-0.
Белгија во четвртфиналето ќе игра против Бразил кој денеска беше подобар од Мексико со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.