Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска во Берлин, во очи дводневниот самит на лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ во Брисел, дека нема да биде можно да се постигне заеднички договор за азилантите на самитот, и дека треба да се разгледа „коалиција на подготвени” за мигрантската политика.
Меркел во говорот во Бундестагот, рече дека „не сме се уште таму каде што сакаме да бидеме” што се однесува на миграцијата.
Според неа, сите во Европа се согласни дека е неопходно да се намали нелегалната миграција, а миграциската политика ќе покаже дали ЕУ успеала или не.
– Нашата одлука да ја отвориме врата за бегалците 2015 година не беше унилатерална, рече Меркел, додавајќи дека Германија дејствувала за да им помогне на Австрија и на Унгарија.
– Треба да се вратиме на правилата од пред 15 септември 2015 година, бидејќи бројот на мигранти опадна, смета Меркел, навестувајќи дека треба да се постигне договор за миграција со африканските држави како што е постигнат со Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.