Жител на прилепското село Костенци го ранил својот брат Б.Р.(35) со истрел од ловџиска пушка додека ловеле во атарот на селото Рилево.
Според извори од итната помош, ранетиот ловџија бил префрлен во прилепската болница каде што лекарите констатирале повреди од сачми во двете нозе и рацете. Повредениот се наоѓа надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


