Авион падна на аеродромот во сан Франциско, јавува Русија Денеска (РТ).
Од авионот излегува густ чад а пожарникари го гасат. Патниците бегаат низ отворите за евакуација. Овој Боинг 777 на Азијана Ерлајнс летал од Сеул, но не се знае со колкумина патници летал овој авион со капацитет од 300 луѓе.
Американските медиуми цитираат порака од патник преку„ Твитер“:
„Тукушто се спуштивме во Сан Франциско. Опашката на авионот се одвои. Се чини дека повеќемината се добро. Јас сум добро. Надреално…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


