Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на програмата на Скопско културно лето и во соработка со Културно Информативниот Центар КИЦ од Скопје имаат чест да ве поканат на отварањето на изложбата „Фемина 8-4“ која што ќе се одржи на 27 јуни (среда) 2018 година во Салонот Империјал I во Културно Информативниот Центар КИЦ во Скопје со почеток во 20:30 часот.
„Фемина 8-4“ претставува омаж на творештвото на македонската сликарка Ана Темкова која е препознатлива по својот интимистички сликарски израз со детали на архитектонски примери од македонски куќи, портрети, ликовни записи пропратени со мртва природа, цвеќе, огледала, ентериери и сл. „Фемина 8-4“ создаде нови дела како реинтерпретација на едно дело на Ана Темкова со наслов „Ентериери и огледало“ насликано во техниката масло на платно, изработено во далечната 1979 год. Објективизација и реинтерпретација на едно ликовно дело е пристап кој се применува во сите временски декади. Многу ликовми уметници од историјата на уметноста во своето творештво се инспирирале од дела на други ликовни уметници. Тоа е еден концепт кој „возобновува“ многу интересен сликарски систем создавајќи сосема нов и современ ликовен потпис. На изложбата учествуваат:
- Ана Темкова / гостин
- Јана Манева Чупоска (Куратор)
- Жанета Гелевска Велјановска
- Симонида Филиповска Китановска
- Касиопеја Наумовска
- Жаклина Глигориевска Кочоска
- Емилија Божиновска
- Шќипе Мехмети
- Дита Старова Ќерими
- Ана Ивановска
- Јана Јакимовска
- Маша Гала (Словенија)
- Андреа Ержен (Словенија)
- Маруша Стибел (Словенија)
- Гајатри Хорват (Хрватска)
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 10.07.2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.