| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ја исклучи европратеничката Маријана Петир од групата Европски Пријатели на Македонија

Маријана Петир, европратеничката од Хрватска која ја бранеше Македонија од грчката политичка агресија, исклучена е од групата Eвропски пријатели на Македонија, по барање на македонската Влада. Во соопштението се вели дека Владата ќе правела нова група приjaтели на Македонија.

Позната по својот јасен став за поддршка на нашето уставно име, Маријана Петир беше честа мета на напади од страна на грчките екстремисти. Таа органиираше повеќе настани и собири во Брисел, на кои Македонија имаше полна поддршка во борбата за своите права.

За жал, новата македонска влада директно ја одби нејзината поддршка. Веројатно потпирајки се на актуелниот договор со Грција, Владата одлучила дека повеќе не ни е потребна поддршка од ваков вид. И покрај ваквата постапка на Владата, Маријана Петир најави дека останува на позицијата за поддршка на Македонија и македонскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top