Хрватската европратеничка Маријана Петир во изјава за МИА го осуди насилството до кое дојде синоќа во Парламентот, но истакна и дека не поддржува политичко насилство кое резултирало во физичко насилство.
– Многу сум тажна поради синоќешните настани во Македонија. Силно го осудувам насилството до кое дојде во македонскиот Парламент. Насилството никаде и за ништо не смее да биде одговор. Македонскиот народ вреди многу повеќе од тоа и многу повеќе заслужува. Токму како што сум против физичкото насилство, не поддржувам ниту политичко насилство кое резултираше во физичкото насилство, изјави Петир.
Според неа, во демократски земји како што е Македонија влада не може да се избира противуставно, како што тоа синоќа, како што рече, одлучија да направат некои партии.
– Суверените држави, каква што е Македонија, за својата унитарна политика мора да одлучуваат сами и не им треба туторство од надвор ниту странски државници и дипломати кои се мешаат во политичките работи на земјите- вели Петир.
Повика на смирување на состојбата, почитување на демократските процедури и македонскиот Устав, како и на воздржување од надворешни интервенции.
– Синоќешните случувања се повик до сите македонски политичари и лидери на политички партии пред се да бидат луѓе, да ги стават својата држава и својот народ на прво место, да седнат на преговарачка маса и под итно да постигнат договор како земјата да излезе од кризата во која се наоѓа- истакна европратеничката Маријана Петир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја исклучи европратеничката Маријана Петир од групата Европски Пријатели на Македонија
-
Семејството Јовановски срамно манипулира: Лидерот на ЕПП Жозеф Дол со силна поддршка и јасен став за избори
-
Средба Димитриев – Петир: Демократско право е граѓаните да гласаат на избори
-
Петир: ЕУ е виновна за сѐ што се случува во Македонија