| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Димитриев – Петир: Демократско право е граѓаните да гласаат на избори

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Маријана Петир, пратеник во Европскиот парламент.

Sredba3

На средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија, реформите што се спроведуваат и актуелните политички состојби во земјата.

Соговорниците ја истакнаа заложбата и потребата од интеграција на Република Македонија во Европската унија, информираат од Владата.

Sredba

Димитриев ја истакна посветеноста на Владата за реализација на реформите кои се од интерес за унапредување на стандардите значајни за европските интеграции. Тој истакна и благодарност до Европскиот парламент за поддршката што се овозможува за нашата земја и за соработката во спроведувањето на реформите. Димитриев истакна и благодарност за придонесот во реализацијата на македонските стратегиски определби до групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, чијшто претседател е Петир.

Европратеникот Петир истакна дека соработката на двете страни ќе продолжи и во идниот период на сите полиња од интерес за реализација на реформите и стратешките цели на Република Македонија.

На средбата се разговараше и за актуелната политичка состојба во земјата при што беше истакнато дека врвно демократско право и начело е граѓаните да одлучуваат на фер, кредибилни и демократски избори кон кои што Владата за спроведување на изборите е посветена согласно законските ингеренции и надлежности.

Соговорниците разговараа и за реформите и проектите кои се спроведуваат во областа на економијата и земјоделството чија основна цел е обезбедување на економски раст и нови вработувања за населението.

Двете страни истакнаа дека и во следниот период Република Македонија и Европскиот парламент ќе продолжат со соработката во сите сфери од заемен интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top