| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Јовановски срамно манипулира: Лидерот на ЕПП Жозеф Дол со силна поддршка и јасен став за избори

 

nova-man

Порталот НОВА на Борјан Јовановски денеска излезе со срамна манипулативна вест дека наводно европските демохристијани му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ. Додека семејството Јовановски преку сајтот НОВА отворено манипулира и се повикува на некаква тинк-тенк организација, ставот на ЕПП пред неколку дена јасно го кажа првиот човек на партијата Жозеф Дол, кој отворено застана на линија на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Жозеф Дол, претседателот на најголемата политичка партија во Европа, Европската народна партија (ЕПП), на конференцијата „Западен Балкан: Кон европската иднина“ што ма 4 мај се одржа во Европскиот парламент во Брисел, испрати силна порака против она што македонската опозиција го прави во Република Македонија, нарекувајќи го театар.

Дол, кој е претседател на партијата од која потекнуваат германската канцеларка Ангела Меркел, еворпскито лидерски двоец Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, беше дециден дека она што се прави во Македонија повеќе не може да се толерира и дека затоа се потребни изборите како решение на се.

– Корупцијата е голем проблем во сите балкански земји и за да се реши, потребно е да се земат европските стандарди. Ние гледаме потешкотии во Република Македонија и кога слушам и гледам што се случува во Македонија имам впечаток дека е како некоја театарска претстава. Потребни се изборите во земјата, бидејќи повеќе не може да се толерира оваа ситуација. Се мора да се преземе за да се реализираат демократски избори во земјата час поскоро и одговорноста за тоа е на двата спротивставени политички спектруми во Македонија, беше дециден Жозеф Дол.

Покрај Дол, уште неколку европратеници од ЕПП деновиве упатија јасни пораки за одржување на избори и излез од кризата. Европската пратеничка Маријата Петир, која доаѓа токму од редовите на десната демо-христјанска Европска народна партија, изминативе днеови беше воМакеоднија и зијави дека на власт се доаѓа преку избори, со програма, преку легален и легитимен пат.

На власт се доаѓа по демократски пат. На власт се доаѓа преку избори на кои оној кој ја добил мнозинската поддршка има легитимитет. Секој презеде обврски од договорот од лани. Дали ДИК ги исполни своите обврски. ДИК е именувана од Собранието, легитимно и е составена од 3 претставници на власта, 3 од опозицијата и 3 експерти. Па така ДИК нека излезе и нека каже дали има услови за избори и тоа треба да го каже овластеното тело а некој од страна. Тоа не можам да го кажам ниту јас ниту претставници на некои други земји. Тоа нам не ни е работа, изјави Петир.

Сестрата на Борјан Јовановски во текстот се повикува на некаков Центар за студии на европските десничари, а не не став од Европската народна партија.  Официјалниот центар на ЕПП е Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“, а не некаква тинк-тенк организација на која се повикува Јовановска во манипулативниот текст.

Ова не е првпат семејството Јовановски да манипулира и да изнесува невистини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top