Град Скопје апликацијaта за најзелена престолнина на Европа ја поднесе на почетокот на октомври годинава и врз основа на таа апликација ЕК изврши скрининг на позициите што ги имаше Скопје и се квалификувавме во втората фаза од овој процес, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
– Кандидатурата не е од вчера, туку е од поодамна. Таа е прифатена и е во втора фаза, рече Шилегов на новинарско прашање појаснувајќи ја кандидатурата за најзелена престолнина во Европа, иако Скопје е меѓу 10-те најзагадени градови – рече Шилегов.
Тој посочи дека параметрите кои се мерат за најзелени градови се во 12 различни области, а се гледа исто така и што е сторено од страна на градските власти во неговиот мандат, односно во изминатата една година во делот на функционирањето на градот, енергетската стратегија, алтернативниот начин на превоз и слично.
Шилегов рече дека Европската комисија направила скрининг во повеќе делови од градот и дека активностите што се преземени, очигледно, вели, во ЕУ наидуваат на позитивно мислење со што ни беше овозможено да влеземе меѓу осумте градови во Европа во кои треба да продолжат понатаму со процедурата.
Тој најави дека периодот што доаѓа ќе биде период на засилен надзор, а следната евалуација се очекува во април 2019 и истата да биде повторно позитивна.
– Самиот факт дека успеавме да ја поминеме првата фаза како град зборува за тоа дека Скопје е на добар пат да ги надмине проблемите во кои живееме – изјави Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“
-
Откриени луѓето кои го попречуваа снимањето на екипата на „Економски лидер“ (видео)