Населението во Западна Европа значително расте благодарение на миграцијата, додека источна Европа има проблеми со демографијата поради тоа што си заминуваат граѓани, укажуваат научниците од Австриската академија за науки.
Виенските научници го анализирале развојот на населението во Европа меѓу 1990. и 2017. година, земајќи го во предвид демографскиот развој и миграцијата.
Дошле до заклучок дека во Европа само стотина километри ги раздвојуваат подрачјата со голем раст на населението и “алармантниот демографски пад”.
На два спротивствени “пола” се наоѓаат Ирска со раст од 36 проценти, пред се благодарение на природниот демографски развој, и Босна и Херцеговина со најголемо намалување на населението од 22 проценти, предизвикано од емиграцијата.
Останатите земји со најголем раст на населението се Швајцарија, со раст од 26 проценти, пред се поради вселувањето, Норвешка со 24 проценти, поради природен раст и поради миграција, Шпанија со 20 проценти, поради миграција, Франција со 18 проценти, помалку миграција, повеќе природен раст, и Шведска со 17 проценти, претежно благодарение на миграцијата.
Австрија со плус од 15 проценти се наоѓа во западноевропската средина, при што растот на населението е предизвикан пред се од миграцијата.
Кога станува збор за Германија, научниците дошле до неочекуван податок , дека на едната страна тоа е единствената западноевропска држава со јасен природен пад во бројот на населението, минус четири проценти, со миграциски раст од девет проценти, што е помалку од другите земји.
На другата страна, Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија и БиХ од 1990. година, бележат намалување на населението за повеќе од 20 проценти.
Растот е забележан само во Словенија и Словачка, со про три проценти.
Намалувањето на населението во источна Европа, речиси во сите земји е предизвикано од миграцијата.
“Миграционите движења во меѓувреме станале главен фактор кој стои зад растот или падот на населението во Европа”, констатира демографот на Австриската академија на науки, Томас Соботка.
Се укажува дека фертилитетот во источна Европа блиско минато се помалку се разликува од западноевропските земји, и дека сега миграционите движења се тие кои го делат континентот на два дела.
извор: tocka.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.