| четврток, 6 декември 2018 |

Топлотниот бран доаѓа кон Источна Европа

Многу е рано да се каже дали гориштините кои ја погодија Западна Европа и се движат кон исток се поврзани со климатските промени, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

toploten2

– Топлотниот бран продолжува. За да заклучиме дека тоа се должи на климатските промени потребни ни се повеќе детали и анализи, премногу е рано да се тврди тоа – изјави портпаролката на специјализираната служба на Обединети нации, Клер Налис.

Таа посочи дека експертите прогнозираат во наредните години да зачестат топлотни бранови, како и да бидат подолги и посериозни.

– Ќе биде многу топло уште неколку денови. Но, Европа сега е подобро подготвена отколку во 2003 година. Топлотниот бран се очекува бавно да се придвижи кон Источна Европа – посочи Налис.

Во понеделникот Швајцарија и Полска објавија тревога од четврти степен (од петте можни) поради топлото време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top