| четврток, 6 декември 2018 |

Канада ги отвора вратите за 300 илјади работници

Канадските власти објавија дека идната година ќе дозволат во земјата да пристигнат дури 300 илјади економски мигранти.
Како што соопштија канадските власти, станува збор за продолжување на истиот чекор кој што води кон зголемување на економскиот раст на државата.

„Верувам дека е вистинито тврдењето дека повеќе мигранти во Канада значи подобра демографска политика на нашата држава“, изјави Џон Мекалум, канадски министер за миграција, пренесува британски „Гардијан“.

Неодамна советниците на министерот за финансии на Канада, го советувале министерот дека Канада би го зголемила економскиот раст и развој само доколку биде зголемен бројот на економски мигранти, па голема е веројатноста Канада да продолжи да прима мигранти и во следните неколку години.

Се проценва дека бројот на мигрантите кои што Канада ги прима годишно наскоро би можел да се зголеми и на 450 илјади мигранти.

Исто како и многуте други развиени држави во светот, Канада има проблем со стареењето на жителите, а тоа секако е проблем кој што претставува сериозен предизвик за економскиот раст на државата.

охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top