Полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак оцени дека на самитот во Варшава на НАТО во 2016 година треба да се донесе одлука за промена на структурата на Алијансата во Источна Европа.
– Очекуваме НАТО да донесе одлука со која на постојана основа ќе бидат востановени структури на Алијансата, воените одделенија и инфраструктура во Источна Европа, истакна Шемоњак.
Тој наведе дека тоа е поврзано со евентуална закана од Русија, која бара одговор од НАТО.
Шемоњак посочи дека меѓу главните задачи би било формирање на сили за брза реакција, создавање на инфраструктура на НАТО во Источна Европа и постојано воено присуство на Алијансата во регионот.
– Таму каде што има закана треба да има војници и техника. Тоа е важен чекор бидејќи тешкото вооружување потешко се придвижува од војниците, потенцира полскиот министер за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа