Во Музејот на град Скопје на 26 јуни 2018 година (вторник) во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Данкан Хигинс.
Данкан Хигинсе ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство.Тој е професор по ликовна уметност на Берген Академијата за уметност и дизајн во Норвешка, како и професор по визуелна уметност на Нотингем Трент Универзитетот во Обединетото Кралство.
Изложбата се состои од повеќе од 1000 слики, каде секоја слика е 25 х 20 cm, а сликите се изработени од материјали кои вклучуваат масло, мешани бои, фотографии*, Жакард ткаенини**, руски и литвански ткаенини од раниот осумнаесетти век, а сликите ги придружува уникатна рачно напишана книга со слики.
Долу на фармата, како изложба, е резултат на истражување и четиринаесет години уметничко творештво на Данкан Хигинс во северна Русија, особено архипелагот Соловки***, и кое сега се развива преку поврзани меѓусебно преплетени наративни епизоди на специфични „места“ во Областа Архангелск, Литванија, Латвија, Обединетото Кралство, Балканот и, во овој конкретен случај, Македонија.
За проектот Долу на фармата Данкан Хигинс вели: „Во декември 2004 година, доживеав ненадејна и значителна промена во сфаќањето на моето културолошко место во светот. За мене, Соловки е место на ограничувања, микрокосмос на меѓусебно поврзани културни односи, крајна граница или екстремна ситуација каде се инкорпорираат екстремите на климата, географијата и природата, верата, бруталноста, убавината и фантазијата. Ова искуство продолжува да ги дефинира контекстите и приодите за креирање на изложбата Долу на фармата затоа што чувствувам дека не ја допира само мојата туку и пошироките споделени истории. Особено сум фокусиран на истражување на идеите за сведоштво и се обидувам да најдам начини да визуализирам како личното и историското се среќаваат. Да придонесам кон иднината во која се претвораме.“
Изложбата на Данкан Хигинс е организирана од страна на Музејот на град Скопје, Дирекцијата за култура и Доминион и е во програмата на Скопско лето.
За јавноста ќе биде достапна од 26 јуни до 06 јули 2018 година.
Организаторите соопштуваат дека фотографските извадоци се репродуцирани со љубезна дозвола на Резерви од Соловки државниот музеј во Русија, жакард ткаенините се изработени во соработка со Лина Барткут, а Архипелагот Соловецки, кој често се нарекува и Соловки, е на само 165 километри од Арктичкиот круг. Далечниот архипелаг на острови е познат по својата импресивна убавина и одамна се користи и како одморалиште и како место за прогонство. Изграден во 15-иот век, неговиот манастир е еден од најпознатите и најсветите во Русија, и се претворил во голема дестинација за аџилак – но бил и место за прогонство и во 20-иот век е користен како „мајка“ на првиот и најбруталниот затворски логор на Советскиот Гулаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.