| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја прогласи „Бушава азбука“ за иредентистичка детска емисија (видео)

Договорот кој го потпиша Заев за преименување на Република Македонија подразбира бришење на сите топоними од македонските учебници, патокази и останати документи. Грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. Откажувањето од топонимите е бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними.

Зоран Заев го преименува Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Костур во Касториа, Сер во Серес, Кукуш во Килкис, а Кутлеш во Вергина. Со овој договор се брише културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет.

Генерации деца, а сега веќе возрасни кои ја учеа азбуката, јазикот. културата и традицијата преку „Бушава азбука“, сега Заев ќе ги убедува дека биле индоктринирани со иредентистички идеи.

 

„Бушава азбука“ меѓу другото ги запознаваше децата со дијалектите на македонскиот јазик, меѓу кои се наоѓаат и дијалектите кои ги зборуваат Македонците од  Егејска Македонија. Така во Бушава азбука можеше да се  види како се изговараат зборови во Ениџе-вардарско, Мегленско, Костур, Воден, Тремно, Црнешево и сите останати места во егејскиот дел.

 

Според  договорот кој го потпишаа Заев и СДСМ, Македонија се откажа од Македонците во егејскиот дел, а  со тоа и од нивниот говор и истиот повеќе нема да може да се кажува дека е дел од македонскиот јазик.  

Поради тоа што тие говори постоеја во „Бушава азбука“ сега повеќе нема да смее да се прикажуваат на телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top