| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен сипмозиум „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“ на ЕСРА

Во рамките на истражувачкиот мега-проект „Европската драма и театар во Македонија“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска,Театарсака и Танцова Академија –  Скопје-Париз-Есен-Ротердам, на 25 и 26 јуни 2018 година, со почеток во 12 часот во Големата аула, ќе се одржи симпозиум на тема: „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“.

На симпозиумот ќе земат учество триесеттина универзитетски професори, научни работници, театролози и театарски критичари од земјата и странство, кои ќе го сублимираат седумдецениското присуство на српскта драма и театар на професионалните театарски сцени и фестивали.

Како што е познато, досега се одржани два симпозиуми посветени на германската и бугарската драма и театар и објавени зборници од поднесените реферати во издание на Институтот за сценски уметности.

На есен, проектот продолжува со симпозиумот посветен на италијанската драма и театар, во соработка со Фондацијата Чини од Венеција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top