| четврток, 6 декември 2018 |

Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски ги собраа уметниците од светот во Скопје

Ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски организираат ликовна колонија, која се одржува од вчера (26 февруари) до 04.03.2018 во Градската кафеана Пелистер на Плоштад Македонија. Како еден важен дел од настанот на 3 Март ќе се реализира и Мултимедијална интернационална изложба на која ке бидат претставени сите дела, творени во периодот од страна на странските учесници и донираните дела од локалните уметници.

Колонијата и симпозиумот се одржуваат со поддршка на Центарот за промоција на културата и туризам.

-Идејата за остварување на “АРТ Симпозиум С`копје” се роди од желбата и потребите за еден нов вид на форум, кога нашиот главен град ќе може да “дише” со уметност. Нов вид на форум каде што локалните уметници можат да се истакнат и во едно отворено друштво да разменат искуства со своите колеги и со уметници од целиот свет. Форумот е од отворен тип и овозможува директен контакт со граѓани кои се занимаваат со уметност или се љубители на уметноста. Младите кои се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за уметничкиот свет, исто така, се добродојдени. АРТ Симпозиумот јавно ги поканува и медиумите, галеристите и претставниците на амбасадите на странските уметници, вели Винчиќ.

Овие двајца ентузијасти сакат во иднина ова да стане традиција и бренд на еден нов културен бран и уметнички форум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top