Симпозиумот се одржа како регионален проект за перспективите на соработката на полето на културата меѓу земјите од ЈИЕ, а домаќин беше Министерството за култура на Република Бугарија.
„Културата и одржливиот развој“ беше тема на меѓународниот симпозиум што се одржа во Софија, а на кој учествуваа претставници од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Грција, Грузија, Молдавија, Романија и Косово.
Македонија ја претставија Васко Шутаров директор на Културно-информативен Центар на Македонија во Софија и Кристина Бисева советник во Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.
Главни теми на симпозиумот беа поврзани со перспективите за соработка подржани од европските програми, како и регионалните иницијативи и структурните фондови, како подршка на културата во функција на севкупниот одржлив развој. Посебни тематски панели беа посветени на културниот туризам, културниот менаџмент и програмите на “Креативна Европа”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.