| четврток, 6 декември 2018 |

Во организација на МАНУ: Научна и уметничка визита во Охрид

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Охрид ќе почне манифестацијата „Научна и уметничка визита 2016 година“.

Во рамки на манифестацијата денеска во куќата на Уранија ќе се одржи предавање на тема „Мозаиците во минатото и современоста“ од академиците Вера Битраковска Грозданова и Газанфер Бајрам.

Манифестацијата продолжува со изложби, промоции, Свечена академија по повод 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, тркалезна маза за високото образование и наука, како и завршна конференција за процесите на модернизација на Балканот, а завршува на 2 септември со симпозиум за богомилското движење и богомилската книжевност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top