На контролните тренинзи во јуни, Жедик ги задоволи критериумите на тренерот Лино Червар, така што во следните три сезони Сергеј ќе биде дел од тимот на Металург.
-Многу сум среќен што ќе настапувам за екипа што беше апсолутен ракометен хит изминатава сезона во Лигата на шампиони. Во изборот меѓу екипите на Чеховски Медведи и на Металург воопшто не се двоумев, бидејќи задоволство е да се игра за екипа што и оваа година има високи амбиции, каде што се споени младоста, искуството и желбата за напредок. Се надевам дека со мојата игра ќе дадам голем придонес во остварувањето на клупските амбиции – изјави Жедик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



