Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на седницата на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција.
-Пред три дена потпишавме документ за крај на спор од три децении. Ставивме потпис кој означи почеток на крајот на неизвесноста. Достинствено решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на нашиот македонски јазик така како што ги разбираме ние. Јазикот и идентитетот се македонски, содржани во договорот. ‘Јазикот е нашата татковина’, рече Блаже Конески. Јазикот наш е македонски, македонска ни е татковината. Потписите на историскиот го заштитија нашиот македонски идентитет за век и векова“, рече Заев.
Никому ништо не сме му подариле, додаде тој, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница.
Се издигнавме над стравот да обезбедиме спокојна иднина. Повикувам да ги отфрлиме ѕидовите на изолацијата и ксенофобијата. Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука, рече Заев.
Според него, денеска е уште еден голем ден во низата денови што претстојат.
-Овој ден ја прави голема извесноста дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Европа ни ја подаде раката. Отворената покана од НАТО станува реалност, сонот станува реалност, рече Заев.
извор: а1.он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.