Луис Хамилтон и Себастијан Фетел беа најбрзи на првиот тренинг во Германија.
На патеката Нирбургринг најбрз сепак беше Фетел со време од 1:30.416, но на тренингот доминираше дуото на Мерцедес, Хамилтон и Розберг кој постојано се менуваа на првата позиција.
Тренингот го обележаа проблемите на Фернандо Алонсо и неговото Ферари кој поради моторот на двапати мораше да ги прекинува тестовите.
Последниот тренинг е закажан за утре со почеток од 11:00 часот, квалификациите за Големата награда на Германија се три часа подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.