| четврток, 6 декември 2018 |

Нова пол-позиција за Хамилтон, Фетел ќе стартува втор на трката за ГН на Бразил

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за ГН на Бразил, која е претпоследна во оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Британецот до 10-та пол-позиција оваа сезона, а негова 82-ра во кариерата стигна со предност пред Себастијан Фетел од 93 стотинки. На третото место се позиционира Валтери Ботас, а зад него ќе бидат Кими Раиконен и двата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Сепак, конечниот исход пред утрешната трка може да биде променет, бидејќи на Хамилтон и Фетел им се заканува казна. Британецот во текот на квалификациите го успори Раиконен, додека Германецот направи неколку прекршоци по крајот на вториот дел.

Трката на патеката „Интерлагос“ ќе биде утре со почеток од 18.10 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top