Референдумот за името ќе се одржи во законски утврдениот рок, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Анѓушев не прецизира ништо конкретно, само рече дека тоа што е зацртано, ќе биде спроведено.
– Не би знаел да ви одговорам на ова прашање бидејќи е надвор од капацитетот на економијата и она што јас го водам. Но, она што сигурно можам да ви го кажам е дека тој ќе биде во законскиот рок, онака како што е зацртано. Неможам да ви одговорам конкретно до каде се и какви се подготовките. Она што можам само да ви го гарантирам што е и дух во рамките на Владата, е дека тоа што е зацртано ќе биде спроведено, потенцира Анѓушев на прес-конференцијата на која го најави аплицирањето за поврат на средства за инвестиции за компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.