| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството побара Игор Дурловски да биде пренесен во куќен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара продолжување на мерките за осомничените за настаните во Собранието. За дел од нив побара продолжување на притворот, за Игор Дурловски побара преместување во куќен притвор, а за пратеничката Жаклина Пешевска побара укинување на куќниот притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопшти Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top