Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.
Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.
Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на ликови напишани од познатите автори. Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други.
Неговиот мудар славјански тон кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.
Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice.
Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.
Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други.
Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“. Во моментов живее во Германија а до 2004 година се усовршува кај своевремено најпознатиот светски бас Бугаринот Николај Ѓауров.
Игор Дурловски е уапсен утринава, заедно со Митко Чавков, актерот Владо Јовановски и други пратеници и граѓани, за настаните од 27 април во Собранието. Инаку, Дурловски во мај поднесе оставка од директорското место во МОБ, и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.