| четврток, 6 декември 2018 |

Маестро, ти пееше за да ја има, а тие брзаат неа да ја нема!

 

Колеги, лица од јавниот живот и граѓани даваат масовна поддршка за Игор Дурловски кој вчера доби 30 дена притвор за учество во протестите на 27-ми април.

Светски познатиот оперски пејач кој достоинствено ја претставува нашата земја низ бројни држави, судот раководен од премиерот Зоран Заев, го третира како терорист.

„МАЕСТРО, ТИ ПЕЕШЕ И МАРШИРАШЕ ЗА ДА ЈА ИМА. А, ТИЕ БРЗАА И СЕ УШТЕ БРЗААТ НЕА ДА ЈА НЕМА“, е само една од пораките до него.

Граѓаните се изреволтирани што Дурловски го третираат во судот како терорист. За ваквата судска одлука се обвинува Владата на СДСМ која врши притисоци врз судиите и обвинителите кои сама ги постави.

Еве дел од коментарите на граѓаните кои јавно и масовно даваат поддршка на оперскиот пејач и еден од организаторите на граѓанското движење „За заедничка Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top