| четврток, 6 декември 2018 |

Мечка со вувузела на улиците на Русија стана вистински хит на Мундијалот (видео)

Светското фудбалско првенство во Русија е во тек,  но виралниот хит по првиот ден од Мундијалот е мечката со вувузела во рацете која ги прошетала улиците на Москва.

Имено, по воведниот натпревар од Мундијалот на улиците низ Москва најмногу внимание привлекла една мечка која се возела на задното седиште од автомобил со вувузела во рацете.

На видео клипот јасно се гледа како мечката неколку пати „засвирела” со вувузелата, но се уште е тешко да се процени дали станува збор за вистинско животно или само за костум.

Сепак, иако видео клипот станал вирален хит, бројни експерти предупредуваат дека овие животни не се изведувачи и дека пред се е ризично да се пуштаат опасни животни во јавност. Исто така, тие истакнале дека користењето на животни во забавни цели мора да престане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top