| четврток, 6 декември 2018 |

“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена

Во галеријата „Hoast“ во Виена, синоќа (15 јуни) беше отворена самостојната изложба „Чоколадни капки“ на македонскиот ликовен уметник Ѓорѓе Јовановиќ. На изложбата, Јовановиќ се претставува со селекција на колажи, цртежи, слики и видеа што тој ги работел во изминативе десетина години, а во чиј фокус се политичките и социјалните премрежија во Mакедонија како и положбата на уметникот во услови на економска нестабилност.

Јовановиќ учествуваше со свои дека и на групната изложба во галеријата „Ротор“ , во Грац Австрија, насловена „Герила на просветителството – Тие не би требале да се преправаат дека не знаеле ништо“, на која со свои дела од циклусот „Изуми за вас прекрасни луѓе“.Други учесници на оваа интернационална изложба се уметниците: Лукас Бек, Баби Бадалов, Петра Гершнер, Манаф Халбуни / ОскарХР, Мартин Крен, Кристина Лукас, Чаба Немес, Рена Радле и Владан Јеремиќ, РИСОГРАД, Мартин Зет.
Куратори на изложбата се Маргарете Марковец и Антон Ледерер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top