| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Дел од мене“ на Дарко Талески и Ферди Булут во Софија

Денес (14 Јуни 2018) со почеток од 18:30 часот во КИЦ на Република Македонија во Софија ќе биде отворена ликовната изложба „Дел од мене“, составена од фотографии и кратки видеозаписи, дел од видео перформанс на уметниците Ферди Булут и Дарко Талески.

-Проектот го реализираат двајца ликовни уметници кои живееат во пелагонискиот регион на Македонија каде што сеуште како една од доминатните култури за финансиски приход е тутунот. Од овој регион потекнуваат голем број на видни уметници од сите области, чии што мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот, Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top