| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Заев потпиша капитулација, јас ќе гласам „против“ на референдумот

За Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, она што го потпишал Зоран Заев е капитулација, додавајќи дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се познати, непроменети и прецизни.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од своите принципи и нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставно име. Доколку Зоран Заев шверцерски се обидува капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура мора да знае дека референдум мора да има и тој мора да биде задолжителен, а не консултативен како што денеска повторно се обиде да и го протне на македонската јавност. Заев потпиша капитулација, а јас на референдумот ќе гласам „против“ – изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top