Грчката и Кипарската црква остро го критикувале генералниот секретар на Конференцијата на Европски цркви на чие 14. генерално собрание е покажана мапа на која Македонија била претставена со уставното име, а Кипар воопшто не бил прикажан. МИА од Атина јавува дека високи претставници на Грчката црква издале заедничка изјава во која упатиле протест до организаторот на настанот и го изразиле нивното незадоволство од тоа што Македонија била претставена со уставното име, истакнувајќи дека „такви ситуации не смеат да се случуваат“
Од 3 до 8 јули во Будимпешта се одржува редовното 14. Генерално собрание на Конференцијата на Европски Цркви (КЕК), каде се над 470 учесници од околу 120 цркви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.