Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал и дефинитивно ставија точка на една деценија долгиот брак. Се било завршено за 15 минути.
Емина, покрај движниот и недвижен имот, кој и припадна, инкасираше и значителна парична сума. Штом ја продаде раскошната вила во Истанбул, во наслебата Бејкоз, Мустафа две третини од парите ќе и остави на мајката на нивните синови, Јавуз и Јаман.
-Ставивме точка на нашиот брак. Двајцата вртиме нова страница во нашиот живот, но нашата љубов и нашата почит ќе продолжи до последниот здив. Ќе се трудам да бидам корисен на синовите. Дојдовме до овде заедно, заминуваме заедно. Остануваме пријатели-рекол Мустафа по заклучување на судскиот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.