Деновиве Емина Јаховиќ и официјално потврди дека утехата по разводот од Мустафа Сандал ја пронајде во прегратката на Садетин Саран, но и тој не губеше време. Започна врска со младата турска актерка, Џерен Хиндистан.
Дваесетидевет годишната актерка и манекенка ова јавно го призна во една телевизиска емисија, акцентирајќи дека нема жена која може да не го сака Мустафа.
Но која е оваа дама и како изгледал нејзиниот живот пред Мустафа?
Џерен има индиска крв, но родена е и израсната во Анкара, каде ги има завршено и студиите по туризам. Кариерата ја започнала во 2007 година, кога победила н натпреварот за Мис на Турција. Тоа и било отскочна даска, а две години подоцна се пренасочила на кариерата на актерка.
Нејзиниот живот е прилично бурен, а ни на планот на љубовта немала многу среќа, дури и многу страдала, но за тоа не молчела.
Имено, Џерен била мажена за богатиот хотелиер и бизнисен Умут Аслан, со кој склопила верски брак, како втора жена, со оглед на тоа дека тој веќе бил женет.
Во тој брак убавата црнка била жртва на психичко и физичко насилство, а не еднаш се случило љубоморниот сопруг да ја претепа. Џерен добивала ќотек дури и кога била бремена со нивната ќерка Арја.
Парот набрзо по раѓање на ќерката се развел, но тука не бил крајот на маките на оваа актерка. Малата Арја се разболела кога имал 2,5 години. Девојчето добило тумор на бубрезите, а тогаш започнала тешката борба за нејзиниот живот. Денеска е здраво дете.
Грижите на Џерен се зад неа, а таа смета дека времето ќе покаже дали неа и Мустафа ги чека голема љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.