Македонската машка ракометна репрезентација е близу до пласман на Светското првнество во Данска и Германија следната година откако во првиот меч вечерва одигран во „Борис Трајковски“ ја победија Романија со 32-24 (15-10) и донесе убава предност на Македонија за реваншот во Клуж во среда.
По одличното прво полувреме, вториот дел тргна со неколку брзи погодоци на двете страни. Имаше голови и од Македонија и од Романија. Постојано водството одеше до шест гола, но брзо се враќаше предност од пет погодоци. Беше тешко за да се дојде до поголема предност. Сепак, полека е зацврстуваше одбраната на Македонија, а тоа даваше простор за зголемување на позитивата. Во 40. минута конечно дојдоа седумте гола разлика, кои беа највисоките достигнати на овој меч уште во првото полувреме 21-14.
Романците успеаја брзо да се вратат во едноцифрена разлика. Искористија неколку грешки на Македонија во нападот, а воедно и подароци од судиите во вид на исклучувања и пробивања, пад има седум гола негатива на шест минути до крајот од средбата. Македонија водеше со 28-21, но драмата во „Борис Трајковски“ почна неполни четири минути до крај.
При резултат 30-23, Романија доби две исклучувања. Следеше брза реализација од страна на Гоце Георгиевски, но потоа откако беше пресечена акцијата на Романците шутот на Талески заврши крај голот.
Предводиници во играта на нашиот национален тим беа со Лазаров со 8, Манасков со 6 голови и Борко Ристовски кој имаше 15 интервенции.
Реваншот е на 13 јуни во 18:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.