Македонската ракометна репрезентација подготвено го очекува бараж двомечот против Романија, преку кој ќе се брка континуитет во настапите на големите натпреварувања, во случајов Светското првенство.
Селекторот Раул Гонзалез го одреди тимот, односно 16-мина кои вечерва ќе истрчаат на теренот во „Борис Трајковски“ во првиот бараж дуел против Романија, селекција преку која ќе се брка континуитет во настапите на Светските првенства.
Гонзалез за овој меч нема да смета на голманите Мартин Tомовски и Златко Даскаловски, како и од Гоце Ојлески и Горан Крстевски.
Изборот на селекторот се голманите: Борко Ристовски и Никола Митревски, а останатите 14-мина во составот се: капитенот Кирил и Филип Лазарови, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски, Велко и Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Мартин Поповски и Жарко Пешевски.
Вечерашниот дуел меѓу Македонија и Романија ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути, додека реванш мечот е закажан за во среда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.