| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” во Концепт 37

Изложбата на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” ќе се одржи во петок (8 јуни), во Концепт 37, од 20.30 часот. Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Автор на делата е Кервин Кендел Вилиамсон – визуелен уметник од Њујорк кој со оваа изложба се претставува по седми пат пред македонската публика. Во периодот од октомври 2014 до денес, Вилиамсон има изложувано самостојно и групно, во Отворено графичко студио (Музеј на град Скопје), две изложби во Младинскиот културен центар (Скопје), во Галерија 8, Коцепт 37.
„Сѐ што доживуваме“
Задлабочувајќи се во текот на свеста, деталите стануваат визуелно и ментално соодветни, тие се извадени од контекст и преработени во дигитална форма, водени од потсвесни привиденија на сето она што го доживуваме. Улиците на Њујорк и Скопје стануваат шаблон за креативни варијации, а и самите ние проектирани во него како дух во школка. На несакани и вообичаени аспекти им се дава нов живот…кој сега се вчитува. Оска на светлина низ тесна уличка, дел од графити нашкрабани на стаклени панели, менување на разни сцени со пешаци, делчиња од стара врата користена од стотици улични уметници (искината, уништена и вандализирана од други). Добиените композитни слики стануваат симболична врска помеѓу творецот и огромното море на податоци и можности.
Преку визуелни замисли од насобраните податоци, пред и по интернетот, ни сеосветлува чувството кое го имаме за целта или недостигот од неа. Ние сепак може да ги поврземе непредвидливите аспекти на урбаното живеење кои се чинат случајни, иако се извонредни.
Делата ќе се соочат со моменталните перцепции на нашата урбана средина, презентирајќи ги алтернативните реалности коишто постојат само затоа што ние така сакаме.
„Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” е наслов на песна од Thievery Corporation

-На повеќе начини, 1987 беше почеток на моето креативно патешествие. Како многу луѓе од Карибите (Тринидад и Тобаго), така и моето семејство се пресели, дојдовме во јужен Бруклин – Њујорк, огромен извор на инспирација за мене. Развив необична љубов кон архитектурата, нешто што накусо и го учев во Средното училиште за уметност и дизајн, пред да се пренаочам на цртање, карикатура и илустрација. Неколку години подоцна, по Фордхам Универзитетот, кон крајот на летото 2009, почнав да се подучувам самиот себе околу основите на филм фотографијата. Фотографирањето е како истражување, визуелно, ментално и емоционално. Кога станува збор за фотографирање на град, тоа е повеќе од само улици, споменици и иконични локации. Се е во малите нешта, во миговите видени само од неколкумина. Исто и временските услови можат накратко да го сменат расположението на градот, и тоа како се чувствувате. Како што нашите градови продолжуваат да се менуваат, така се отвораат нови аспекти за откривање. И не само промените, туку и деловите на градот, карактеристиките, односите на луѓето и она што ги опкружува. Кога истражувате, патувањето и темата се она кое ве води кон поголемо разбирање и поширока перцепција, вели Кервин Кендел Вилиамсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top