| четврток, 6 декември 2018 |

Огромна поддршка за Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата (видео)

Народот вчера му испрати моќна порака на премиерот Зоран Заев. Околу 60.000 македонски граѓани беа дел од масовниот протест кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски доби поддршка од сите градови ширум Македонија и огромен број на граѓани заедно со него порачаа дека бараат оставка од премиерот и заедно побараа предвремени избори.

Мицкоски испрати моќни пораки кои беа проследени со огромни аплаузи и овации од присутните. Со ова покажа исклучително лидерство иако на чело на партијата е само 5 ипол месеци.

Власта, политичарите и симпатизери на СДСМ јавно го потценуваа Мицкоски. Тој, со своето лидерство кое го покажа, успеа на протест да извади околу 60.000 и тоа во доста тешки времиња во кои денес живеат македонските граѓани. Тие не подлегнаа на притисокот, туку излегоа на протест да се спротивстават на она што се случува со земјава под водство на премиерот Заев.

По синоќешниот масовен протест, веќе ништо нема да биде како порано. Владата на Заев го загуби кредибилитетот, соочена со народот кој гласно се спротивставува на погубните политики.

Пред огромниот број насобрани граѓани се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ќе ви кажам нешто- влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, иднината на моите граѓани и нашите деца. И за мене достоинството и честа градена со години нема цена, а нема цена затоа што чистиот образ е огледалото по која треба да се препознае една личност. И како човек ми паѓа многу тешко кога гледам овие денови како некој друг кој е власт во оваа наша убава земја си игра со достоинството на сите и ја распродава честа како на пазар, она што е на сите и што ни припаѓа на сите, го продава многу евтино, иако тоа е бесценето. Си игра со трпението и интелигенцијата на 2 милиони луѓе. Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на Уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само што ќе ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња. Сега вели промената на Уставот не била промена на идентитетот. Ако не беше тоа зошто ја убедуваше јавноста дека нема да дозволи промена на уставот. Уставот ја дефинира нашата земја, нашата држава нејзиното уредување. Тоа е изводот од матичната книга на родените. Сега кога договара промена, сите ќе не ословуваат по тоа ново име. Ако Зоран Заев се напише во изводот дека се вика еве на пример неговиот омилен збор, ЕВРО, сите така ќе го викаме Евро Заев. Ќе направи непоправлива штета, рече Мицкоски и додаде:

Сакам во оваа прилика да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Од ова појасен став нема! Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија било и ќе биде Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија За Македонско Национални Единство. Ќе не заплашуваат, гонат и притискаат, ќе ни се закануваат и армадилата неверници ќе не критикуваат, мене и оваа генерација политичари во партијата, мои соработници и другари, но ќе им порачам нешто од овде, ако некој смета дека ќе се уплашиме, се лаже. Слушајте ме сега добро мои политички конкуренти од СДСМ. Не ви се плашиме! ВМРО- ДПМНЕ не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Затоа што ние одиме по патот на вистината, по патот на татковината, а кога си на таа страна тогаш си победник!“.

Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Ова е времето на третата генерација, која учеше од првата и растеше со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нашите сограѓани.

Ова го истакна Мицкоски, на синоќешниот масовен протест пред македонската Влада, каде се собраа над 50.000 граѓани.

Ајде да покажеме колку ни е силата. Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија. Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее. Драги браќа и сестри, земјаци, комшии, пријатели. Ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно – порача Мицкоски.

Тој го цитираше и Гоце Делчев: „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“.

И да знаете, секоја власт што е подарена кратко трае. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена Доста е – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top