Ние сме пред сериозен тест на историјата, на народот, но и пред духот и делото на старите и идните генерации, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Иако е свесен дека некои ќе го наречат преголем оптимист, тој верува во својот народ, верува во Македонија и никогаш нема да ја изгуби надежта дека навистина сите заслужуваат подобро од она што го прави оваа власт.
-И затоа, ако ме прашате дали ќе победиме, гордо и со исправена глава, ве гледам и ви велам: Да! Македонија ќе победи, Македонија ќе победи! Македонија ќе победи! И нема друг избор. Ние како генерација немаме друг избор.
Таа победа мора да биде на сите полиња, на нашето живеење, и вредносно, но и системски, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.