Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред повеќеилјадниот народ насобран од целата земја пред Владата на Република Македонија.
Мицкоски рече дека ова е времето на третата генерација, која учела од првата и растела со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нејзините граѓани.
-Ајде да покажеме колку ни е силата! Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија! Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее, повика Мицкоски.
Драги браќа и сестри, земјаци, комшии, пријатели, рече тој, ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат.
-Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно. Затоа што, како што велеше Гоце, „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“. И да знаете, секоја власт што е подарена кратко трае. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена – Доста е!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.